На прес конференцијата одржана во четврток 21 март 2019 година во НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ во Скопје, државниот секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски ги информираше приустните дека по повод посетата на папата Фрањо на Македонија, владата во соработка со Католичката црква изработи посебна интерент страница www.papa.mk. Содржината на страницата е на македонски, англиски и албански јазик.
Покрај деталите за програмата за посетата и технички податоци на страницата може да го прочитате и Повикот на Скопскиот бискуп и струмичко-скопскиот епарх монс. д-р Киро Стојанов по повод посетата на Папата Фрањо, како и молитвата за пасторалната посета.
к.мк
Таг: Пасторална посета
Клучни зборови: папа Фрањо, Mакедонија, пасторална посета, интернет страница