Осврт на патер Ломбарди за средбата на папата Фрањо со патријархот Вартоломеј I

Гласноговорникот на Светиот Престол, патер Федерико Ломбарди, даде интервју за Радио Ватикан за престојот на Светиот Отец во Светата Земја, односно: за историската средба на Папата и Вартоломеј I. Рече дека средбата е долго исчекувана и посакувана од двајцата, веќе од првата нивна средба во Ватикан, кога Вартоломеј I на папата Фрањо му понуди да дојде во Светата Земја, на прославата од значајната годишнина на средбата на нивните претходници, што беше една убава и голема новост – рече патер Ломбарди.

Така со екуменизмот може да се тргне напред, да се направи да се почувствува неговата сила, радост и вдахновение, молејќи заеднички на гробот на Воскреснатиот Христос, што е многу важно. На прашењето за реакциите на повикот на Папата до претседателите на Израел и Палестина, на заедничка молитвена средба за мир, гласноговорникот рече дека реакциите се големи, бидејќи тоа беше една од големите вести на вториот ден од посетата на Светата Земја и сигурно оригинална и храбра понуда од Папата.

Убаво е тоа што папата Фрањо се држеше до своето подрачје. А што може еден духовен и морален водач да понуди за мир? Предлага средба пред Бог и од Него да се побара помош како би се направило она што ние до сега не бевме способни да го постигнеме и затоа ни е потребна нечија помош. И како ние самите би се обратиле, би го промениле своето срце така да се оспособиме за средба и дијалог; како би излегле од самите себе, Папата – согласно својата компетенција – ни даде прикладна понуда, рече патер Ломбарди.

Убаво е што таквата понуда се чини остварлива, што во контекстот кој – во смисла на постигнување на мирот на овие простори – изгледа невозможен за нашите човечки сили, па затоа, овој храбар гест на Папата кој ги повикува двајцата претседатели на средба и молитва за мир, се прифаќа со трогнатост, со интерес и би рекол со благодарност.

На новинарско прашање за евентуален датум за таква средба, гласноговорникот рече дека му изгледа прерано да говори за датум и дека такво нешто препушта обете страни формално да му соопштат на Светиот Отец, согласно времето кое би одговарало на секоја од страните и тоа на начин да до тогаш сите на такво нешто можеме духовно да се подготвиме.

На прашањето за тоа дали Светиот Отец е уморен, со оглед на интензитетот и бројните средби во така кратко време, патер Ломбарди одговори дека е видливо дека на папата Фрањо, како и на секоја личност која со голема вера се зазема за работите, верата му помага во поднесувањето на тешкотиите. Сигурно, не можеме да кажеме дека овие денови Папата нема тешкотии, бидејќи извршува неверојатна работа, па ако сакате и физички: го видовме како повеќе пати клекнува во набожно почитување на Светиот Гроб. Но, тој има сила која излгеда непресушна, а која сигурно ја црпи од големата вера и Божја милост, со која Бог му помага како би ја извршувал оваа служба – рече на крајот гласноговорникот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот