За време на октомвриската побожност, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, секој ден во 18.00 часот ќе се моли Света Бројаница.
Mолитвата ќе ја предводат учениците од основно училиште од парохијата, а првиот ден ќе ја предводат децата од прво одделение заедно со нивните родители… и така, сé до деветто одделение, после кои се повторува циклусот до завршетокот на оваа побожност.
На тој начин преку молењето на Светата Бројаница ќе се воспостави вистинско семејно заедништво со Бога преку неговата мајка Света Марија.
к.мк