Што ќе научиме од школата на свети Лука
Традицијата ни дава три поими за Лука: лекар, пријател, историчар. Лекар, бидејќи добро знае што го мачи нашето срце и нашето тело; пријател, бидејќи го негува до крајност пријателството со свети Павле, а сигурно не било лесно да се биде пријател со него; историчар, бидејќи знае да зборува за фактите.
Од школата на свети Лука пред сѐ учиме за приматот на Светиот Дух
Сите страници од Евангелстот се под мистериозно и ефикасно делување на Светиот Дух. Без Светиот Дух зборовите и делата Исусови би биле без ефект, односно зборови и дела на еден човек. За Лука, сепак, Исус е исполнет со Дух Свети од неговото девствено зачнување сѐ до највозвишеното жртвување на крстот. А што е со неговата втора книга, Делата на светите апостоли, ако не продолжување и развој на она што Светиот Дух го врши преку делувањето на првите христијански заедници.
Од школата на свети Лука потоа учиме за приматот на милосрдието
Лука, всушност, ја нагласува кроткоста, благоста, сочувството и простувањето кое Исус изобилно ги дава. (…) Исус самоволно во целост преку своето страдање ја плаќа цената за нас. Од свети Лука дознаваме како е да се биде негови ученици: Тој иако лично не го запознал Исус, знае да раскаже за него со една уникатна сладост, бидејќи влегол во самото срце на Господ Исус. (…)
Лука нѐ учи да не се плашиме од контекстот кој не секогаш е поволен
Не случајно кога раскажува за слегнувањето на Божјето Слово врз Иван Крстителот, Лука го прецизира контекстот во кој тој настан се случува: „Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод – четворовласник над Галилеја, и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисиниј – четворовласник во Авилинија, при првосвештениците Ана и Кајафа, му рече Бог на Иван“.
Овдеспомнатите имиња се познати заради нивната скверност. Тибериј Цезар, суров и корумпиран, Пилат, кукавица и циничен, двајцата верски водачи можеле да ги задржат своите позиции само благодарение на политичките компромиси. Почетокот од Исусовото делување се одвива во еден контекст во кој политиката и религијата во никој случај не се во согласност со настанот во кој самиот Бог се објавува. Не е многу различен и контекстот во кој Господ го насочил кон нас неговиот повик. Често пати преовладуваат не категориите на верата ,туку оние на моќта. Сепак, врз оваа мизерија слегнува Словото Божјо, врз ова мизерија Словото Божјо навлегува за да ја смени историјата и човештвото, во оваа бедна и многу драматична историја непрестано се исполнува таинството на овоплотувањето.
Бог го реализира спасението во историјата која за Лука не е една низа на настани од чиста случајност или од самата човечка волја. За Лука тоа е историја на спасението.
Живи Камења/З.А.