Од проповедта на Папата: Љубовта ја отвора вратата на надежта
За христијаните кои тврдоглаво се држат за словото на законот и за христијаните приврзани на законот на љубовта, говореше Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 31 октомври во капелата на домот Света Марта. Литургиското Евангелие зборува за тоа како Исус ги прашува фарисеите дали е дозволено да се лекува во сабота и за нивното молчење. Исус пак го зема за рака болниот и го оздравува. Фарисеите молчеле пред вистината, но зад грб зборувале против Исус … му подметнувале да падне. Исус ги укорува луѓето „приврзани на законот“ бидејќи ја забораваат праведноста, дури за старите родители ја негирале помошта, правдејќи се дека сè подариле на храмот. А што е поважно, четвртата заповед или храмот – праша Светиот Отец.
Приврзаноста на законот, фарисеите ги одделувало од љубовта и праведноста. Го почитувале законот, а ја занемарувале љубовта. Исус за нив имал само еден збор: лицемери. Се држеле единствено до словото на законот. За надежта, љубовта и спасението затвориле врата. Единствено тоа го правеле – рече Папата и се осврна на Посланието на свети Павле до Филипјаните.
Патот на верност на законот, без занемарување на праведноста и љубовта е обратен пат: спротивен на патот на книжниците: од љубов до прведност, води Бог. Патот на приврзаност на словото на законот води до затворање, егоизам. Патот на љубовта води до спознание и расудување, потполно исполнување на законот; води до светост, до спасение, води до средба со Исус. Исус на поклониците на законот им вели: Правете сè што ќе ви кажат, но не следете ги нивните дела – истакна папата Фрањо.
Два патишта, а Исусовите гестови зборуваат за патот на љубовта до потполно спознание и расудување: Исус го зема болниот за рака и го оздравува. Исус се приближува: близината е потврда дека сме на вистинскиот пат, бидејќи Бог го одбра тој пат за да нè спаси. Ни се приближи, стана човек: се овоплоти. Божјото тело е потврда за вистинска праведност. Бог заради нас стана човек, а ние треба на оние во потреба да им бидеме на располагање – рече Папата, додавајќи:
Бог ни го приближува Исусовото тело… а не словото на законот. Во Христовото тело е целосното исполнување на законот: се предаде за да нè спаси. Нека овие гестови на Исусовата близина од љубов кон полнината на законот ни помогнат да не бидеме дволични. Многу е грдо кога христијанинот е дволичен. Нека Господ нè чува од тоа– заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.