Од проповедта на Папата: Црквата треба да биде мајка, а не претприемач

Црквата треба да биде мајка, а не претприемач – рече Светиот Отец на светата Литургија на 19 декември во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека Исусовото раѓање е „ново создавање“ затоа што обновува сè што е создадено.

Две неплодни жени раѓаат деца – рече Папата коментирајќи ги литургиските читања кои опишуваат две чудесни раѓања, на Самсон и на Иван Крстител. Во израелскиот народ „номоќта за раѓање се сметал за некој вид проклетство“, потсетувајќи дека во Библијата среќаваме многу неплодни жени на кои „Бог прави чудо“.

За симболот на стерилноста на Црквата се зборува пред Исусовото раѓање. Од Неплодноста Господ може да даде почеток за ново поколение, нов живот тоа е пораката на денешните литургиски читања. Кога човештвото ослабнува кога не може понатаму напред, доаѓа милост и доаѓа Синот, доаѓа спасение. „Уморното создавање“ отстапува место на „новото создавање“… – објасни Папата додавајќи:

Денешната порака е ова другото создавање, кога земјата е уморна. Ние го очекуваме Оној Кој може „повторно да ги создаде сите работи, сè да обнови, ја очекуваме Божјата новост“, а тоа е Божиќ. Бог на најчудесен начин ги обновува сите работи. Па, што сака да ни порача ова читање – праша Папата одговарајќи – дека треба да се отвориме за Светиот Дух. Ние сами не можеме ништо, додека Он може сè – рече Светиот Отец.

Треба да се отвориме за Божјата новост, а тој факт ме поттикнува на размислување за нашата мајка Црква; за нејзините бројни неплодности: кога станува неплодна заради премногу потпирање на заповедите, заради пелагијанизмот кој го носиме во коските. Таа верува дека може да роди, но не може. Црквата е мајка, а мајка станува единствено ако се отвора за Божјата новост, за силата на Светиот Дух. Кога самата на себе си вели: Правам сè, а изнемоштев повеќе од ова не можам! Тогаш доаѓа Духот – рече Папата.

Со тврдењето дека Црквата е мајка а не претприемач, Светиот Отец сака да размислува за неплодностите на Црквата и за отворање на плодноста во верата. И денес треба да молиме за Мајката Црква поради многу стерилности на Божјиот народ. Неплодност заради себичност, заради моќ и така на ред; кога Црквата верува дека може сè, дека може да владееме со совестите на луѓето; кога оди по патот на фарисеите и садукеите, по патот на лицемерите тогаш Црквата е неплодна – предупреди Светиот Отец.

Треба да молиме Црквата за овој Божиќ да се отвори за Божјиот дар, да се препушти на изненадувањата на Светиот Дух, да биде Црква – Родилка, Црква -Мајка. Често мислам дека Црквата во некои места повеќе е претприемач отколку мајка. Размислувајќи за стерилноста на Божјиот народ, за многу стерилности кои Црквата ја направиле неплодна, денес гледајќи ги јаслите да го молиме Господ Црквата да ја направи плодна, Црквата пред сè да биде мајка како што е и Марија – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот