Од проповедта на Папата: Храброста да се признаеме за грешници нè отвора за Исусовиот благодатен допир

Храброста да се признаеме за грешници нè отвора за Исусовиот благодатен допир, за Неговото простување, истакна папата Фрањо на светата Литургија на 18 септември во домот Света Марта. Читањето од Евангелието ја претставува грешницата која со своите солзи ги мие нозете на Исус, ги трие со нејзината коса и ги помазува со миро. Исус во куќата е повикан од фарисеј, „човек со одреден статус, култура“ бидејќи „сакал да Го слуша Исус“ – повеќе да ја запознае Неговата наука. Меѓутоа во себе судел: Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што се допира до Него: оти таа е грешниц“. „Тој не бил злобен“ – рече Папата – туку „не можел да го сфати делото на жената.“

„Не можел да ги сфати основните изрази: темелните изрази на народот“ – продолжи папата Фрањо – „Можеби тој човек заборавил како нежно се допира дете, како се теши старица. Во своите размислувања… во својот управителски живот – бидејќи можеби бил во советот на фарисеите – ги заборавил основните изрази на животот кои сите ние, штом сме родени ги среќаваме кај родителите и од нив ги примаме. Исус – нагласи Папата – „го опоменува фарисејот со понизност и нежност: Неговото трпение, Неговата љубов, желбата сите да се спасат, го поттикнале да објасни што направила жената и кое дело на добредојде фарисејот не го направил.“

И во среде мрморење Исус ги изненадува сите зборувајќи ѝ на жената: „Ти се простуваат гревовите! Верата твоја те спаси! Оди си со мир!“ „Тие зборови ги изговара само на жена која е грешница“ – истакнува Папата – „А тоа и го зборува затоа што таа можела да ги оплаче… ги исповеда своите гревови, да каже јас сум грешница… (Исус) не ги кажал тие зборови на оние луѓе кои не биле злобни: тие не се допирале до грешници. Грешници биле оние другите: цариниците, блудниците… Тие биле грешници. Исус ги кажува тие зборови – „Спасен си… само на оние кои го отвораат срцето и се признаваат за грешници – рече папата Фрањо.

„Привилегирано место за средба со Исус Христос“ – се присети Папата – „се нашите сопствени гревови“, потсетувајќи на примерот на свети Павле кој се фалел со своите слабости и со Христос Воскреснатиот Кој го спаси. „А ова признавање на сопствените гревови, признавање на нашата беда, да си признаеме, кои сме и што сме способни да направиме или веќе сме направиле е вратата низ која се влегува во Исусовото милосрдие, во Исусовото простување, по Исусовите зборови: Верата твоја те спаси! Оди си со мир!“ – бидејќи беше храбар или храбра да го отвориш своето срце на Оној Кој е Единствен и што може да те спаси“ – рееч Папата. Исус зборува на лицемерите: Прељубниците и цариниците ве престигнаа во Царството Небесно. Тие се силни зборови!“ – нагласи Папата, завршувајќи: оние кои се признаваат за грешници „го отвораат своето срце во исповедувањето на гревовите, во средбата со Исус Кој ја даде Својата Крв за сите нас.“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот