Од недела повторно пладневна молитва со Папата на ватиканскиот плоштад

Од недела повторно пладневна молитва со Папата на ватиканскиот плоштад

Од недела 18 април 2021 година папата Фрањо повторно ќе моли Царице небесна со поклониците на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Папата на Третата светлосна недела повторно од прозорецот на Апостолската палата напладне ќе им се обрати на поклониците собрани на ватиканскиот плоштад. Но, заради пандемијата со коронавирусот пристапот до плоштадот Свети Петар е ограничен, со придржување на пропишаните мерки.

Од 21 март молитвата Ангел Господов односно Царице небесна е преместена во Апостолската палата со директен телевизиски, интернерски и радиски пренос.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол сè уште не објави кога и Генералните аудиенции на Папата во среда ќе се одржуваат со верниците. За сега се одржуваат во среда во облик на видео-пренос од папската библиотека.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот