Среќавајќи се во Ватикан со учесниците на пленеарната седница на Конгрегацијата за наука на верата, папата Фрањо потсети на важноста на пасторалното расудување во преиспитувањето на случаите кои се однесуваат на најтешките прекршоци.
Во време кога „човекот на денешницата повеќе не знае кој е и кога се мачи да препознае како да направи добро“, во многу земји се „помага“ во порастот на барањата за евтаназија како „идеолошка потврда на човековата сила за волјата над животот“ – рече Папата и додаде: Тоа исто така доведе до тоа доброволното прекинување на човечкиот живот да се смета за цивилизациски избор. Зборувајќи им на учесниците на пленарното заседавање, Светиот Отец се фокусираше на етичките импликации во современото општество со кое се занимава и Конгрегацијата.
Јасно е дека таму каде животот вреди не заради своето достоинство, туку заради својата ефикасност и продуктивност, сето тоа станува можно – рече папата Фрањо и напомена: Во тоа сценарио мора да се повтори дека човечкиот живот, од зачнувањето до природниот крај, поседува достоинство кое го прави неповредливо.
Болката, страдањето, смислата на животот и смртта се реалности со кои современиот менталитет тешко се соочува со поглед полн со надеж, вели Папата. Но без доверба во надежта која му помага да се соочи со болката и смртта, човекот не може добро да живее и да има доверба во иднината. На современиот човек затоа му треба помошта од Црквата.
Посланието на Конгрегацијата во таа смисла треба да земе исклучително пастирско лице, рече Светиот Отец. Вистински пастири се оние кои не го препуштаат човекот сам на себе, ниту го оставаат како плен на неговата дезориентираност и на грешките, туку со вистината и милосрдието му помагаат да го пронајде вистинското лице во доброто. Секое делување е вистински пасторално ако настојува да го фати човекот за рака, кога ја загубил смислата на своето достоинство и целта за да го однесе со доверба да ја открие татковската љубов Божја, својата добра цел и патиштата за градење на похуман свет.
Таму каде преовладува индивидуализмот кој се потпира на своите сили за да се спаси, мора исто така да се примени антрополошки пристап и на економско-финансиското подрачје – рече папата Фрањо и нагласи: Само погледот на човекот како на личност, односно како на субјект кој е важен во односот и означен со посебна и широка рационалност, може да делува во согласност со објективниот поредок на моралноста. Учителството на Црквата отсекогаш јасно истакнувало дека економското делување мора да биде водено во согласност со законите и методите на економијата, но внатре во моралниот поредок.
На крајот Папата изрази благодарност за секојдневниот обврски на Конгегацијата „во заштитата на вистинската вера и светоста“, светите Тајни во сите прашања кои денес бараат важно пасторално расудување, како во испитувањето на случаите кои се однесуваат на најтешките кривични дела во кои се вбројува и сексуалното насилство на свештениците над малолетниците и во прашањата за разводот на бракот „во корист на верата.“
РВ/к.мк