Во епископската резиденција во Скопје, во среда 19 ноември 2025 година Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија се одржа свештенички состанок на Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија. Со состанокот претседаваше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов.
Епископот Стојанов ја отвори работата на свештеничкиот состанок со молитва, а потоа потсети на пораката на папата Лав XIV за 9. Светски ден на сиромашните, образложувајќи ја во кратки црти. Потоа се осврна на последниот состанок и темите кои биле на дневен ред.
Отец Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас информираше за активностите на Македонски Каритас, посебно осврнувајќи се на Денот на Каритас, 5 декември, кога ќе се одбележи 35 години од основањето на оваа хуманитарна добротворна организација на Католичката црква во Македонија, како и за Божиќниот саем кој ќе се одржи на 21 декември во дворот на Скопската катедрала.
Отец Гоце Костов информираше за напредокот на изработката на апликација Календар, како и другите можности за електронска достапност на календарот.
Во продолжение се зборуваше за теми од пасторална природа.
На крајот од состанокот епископот Стојанов на присутните го подели својот апостолски благослов.
к.мк

