Одбрани мотото и логото за патувањето на Светиот Отец во Светата Земја
Во Ерусалим е избрано мотото и логото за посетата на Светиот Отец на Светата Земја. Мотото го одбра Собрание на католички ординаријати на Светата Земја, а земено е од Евангелието по Иван и гласи: Ut unum sint, односно: Да бидат едно.
Логото со ликовите на апостолите и браќата кои Исус први ги повика за свои ученици, свети Петар, заштитник на Рим; и свети Андреј заштитник на Цариградската Црква, е исказ на желбата за единство во верата. Апостолите се наоѓаат во чамец кој што ја симболизира Црквата, а неместо јарбол стои Исусовиот крст. Едрата се оптегнати под ветерот на Светиот Дух, кој чамецот го насочуваат кон морето – светот.
Освен што единството на христијаните е една од централните теми на Исусовата големосвештеничка молитва, тоа е исто така е и повик за надминување на историските поделби и за изградба на иднината, заснована на правда и помирување; и мир, простување и братска љубов – стои во соопштението.
РВ/Д.И.