Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 30 ноември 2022 година го објави распоредот за литургиските славења на папата Фрањо за време на божиќнот период.
На Бадник, 24 декември 2022 година, Светиот Отец ќе служи света Литургија во базиликата Свети Петар во 19.30 часот. Датумот е објавен во Календарот на папските литургиски славења. И оваа година Папата го задржа распоредот воведен во 2020 година поради ограничувањата поради пандемијата.
На празникот Рождество Господово – Божиќ, 25 декември 2022 година во 12.00 часот, Римскиот бискуп ќе се обрати до градот и светот – Urbi et Orbi – од централната ложа на Ватиканската базилика.
На спомен денот на Свети Силверстер и во пресрет на Новата Година, на 31 декември 2022 година во 17.00 часот во базиликата Свети Петар, папата Фрањо ќе ја предводи свечената Вечерна богослужба и Te Deum во знак на благодарност за изминатата година.
На празникот Света Марија Богородица, на 1 јануари 2023 година, Папата ќе служи света Литургија во ватиканската базилика, со почеток во 10.00 часот.
На празникот Богојавление – Свети три цара Светиот Отец ќе ја предводи сетаа Литургија со почеток во 10.00 часот во базиликата во Ватикан.
На празникот Крштение Господово, 8 јануари 2022 година, папата Фрањо ќе служи света Литургија во Сикстинската капела и ќе крсти неколку деца.
Ватикан њуз/к.мк