Објавен документ од подготвителниот пред синодален состанок

Објавен документ од подготвителниот пред синодален состанок

Во недела на 25 март 2018 година официјално е завршен подготвителниот претсинодален состанок на млади кој минатата недела се одржа во Рим.

По тој повод минатата сабота, на 24 март е објавен документ кој група млади му го предадоа на Светиот Отец на крајот од свеченото литугиско славење во Неделата на Маката Господова.

Спомнатиот документ минатата сабота на прес-конференција го претстави кардиналот Лоренцо Балдисери, главниот секретар на Епископската синода, објаснувајќи дека тој текст е еден од изворите кој ќе придонесе за подготовката на работниот документ за самата синода. Кардиналот исто така рече дека свој придонес во облик на резиме ќе дадат и епископските конференции и Синодата за Источни католички Цркви, а станува збор за документи кои се плод на слушањето спроведено во бискупиите во целиот свет.

Католичкиот прелат додаде дека резултатите од online прашалникот кој е предложен на младите и излагањата од меѓународниот семинар за млади во организација на Главниот секретаријат на Епископската синода во септември 2017 година исто така ќе бидат додадени на сите тие материјали, како и спонтаните забелешки кои ги испратиле поединци и групи од целиот свет.

Главниот секретар на Епископската синода истакна дека документот е поделен на три дела на кои им претходи вовед. Првиот дел ја обработува темата за предизвиците и можностите за младите во денешниот свет. Притоа се фокусираше на следните прашања: формирање на личноста, односот со другите луѓе, младите луѓе и иднината, односот на младите со технологијата и конечно потрагата по смислата на животот.

Вториот пак дел се занимава со прашања за верата и звањата и придружувањето на младите луѓе. Третиот дел го свртува вниманието на црковните формативни и пасторални активности. Кардиналот Балдисери напомена дека на средбата учествуваа повеќе од 15 илјади млади од пет континенти – без разлика дали физички или виртуелно – претставувајќи ги така врсниците од целиот свет. Потсетувам дека Епископската синода на тема „Младите, верата и размислување за звањето“ ќе се одржи во Ватикан во октомври оваа година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот