Објавен декрет за потполн опрост во текот на Годината на посветен живот

Светиот Престол на празникот Христос Цар, 23 ноември 2014 година, објави декрет за потполн опрост во текот на Годината на посветениот живот. Со цел да се прошири обновата на Институтите за посветениот живот во верност кон харизмата на основителот и да се утврди верата, надежта и љубовта – пишува во декретот – Апостолската пенитенцарија „дели потполн опрост под вообичаените услови (Света Исповед, Света Причест и молитва по накана на Светиот Отец), на сите членови од Институтот на поветениот живот и на сите останати верници“. Опростот може да биде наменет и за душите во чистилиштето, а може да се добие од 30 ноември оваа година до 2 февруари 2016 година, кога Годината на посветениот живот ќе биде свечено затворена. Да потсетиме, за да се добие потполн опрост, неопходна е потполна неповрзаност на грев, дури и најлесниот. Во спротивно опростот ќе биде делумен. За себе можно е да се добие еден потполн опрост на ден, додека уште еден може да се добие за покојните.

За добивање на опрост за кој говори декретот потребно е: прво, меѓународна средба и литургиско славење во Рим, како што е одредено во согласност со календарот на Конгрегацијата за посветен живот, кога во одредено време разумот се посвети на побожни мисли и се заврши со Господовата молитва Оче наш и исповедувајќи ја верата во секоја одобрена форма и побожно повикување на закрилата на Дева Марија. Второ, во сите епархии, по повод Денот на посветен живот или за епархиските прослави одредени за Годината на посветениот живот, кога побожно се посетува катедралата или некое друго свето место одредено во согласност со локалниот ординариј или со манастирската црква, со ораториумот или клаузурните манастири и јавно да се молат литургиските часови или во одредено време разумно да се посвети со побожни мисли и да се заврши со Оче наш, исповедувајќи ја верата во било која одобрена форма и побожно повикување на Дева Марија.

Членовите на Институтите за посветен живот кои заради болест или некои други причини не можат да ги посетат светите места, можат да добијат потполн опрост ако, покрај вообичаените услови, тие места „духовно ги посетуваат со длабока желба да ги прикажат своите болки од својот живот на милосрдниот Бог, преку посредување на Марија, со горенаведените молитви“ – Оче наш, Символ на верата и повикот на закрилата на Пресвета Богородица.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот