Објавени податоци на католичките организации за хуманитарната помош во Сирија

Папскиот совет Кор Унум објави податоци за помошта на Католичката црква за хуманитарната криза во Сирија. Католичките хуманитарни организации поделиле 72 милиони долари помош за населението во Сирија и соседните земји, а на терен се вклучени 55 католички хуманитарни организации, итна помош е дадена на 22 сириски градa и 32 католички установи. Помош е доставена и на бегалците од Сирија, кои се наоѓаат во Либан, Јордан, Турција, Ирак, Кипар и Египет. Помошта во Сирија која е собрана од католичките хуманитарни организации се дели на сите луѓе од тоа подрачје, без разлика на нивната верска или национална припадност, а координацијата е доверена на Каритас од Блискиот Исток и Северна Африка со седиште во Бејрут.

го*ко

Категорија: Свет

За авторот