Објавена програмата за посетата на Папата во Фиренца

Објавена програмата за посетата на Папата во Фиренца

Канцеларијата за печат на Светиот Престол ги објави деталите за посетата на Папата на Фиренца по повод средбата на бискупите и градоначалниците на Медитеранот. Пристигнувањето во главниот центар на провинцијата Тоскана се очекува во недела наутро. По светата Литургија, Папата ќе се врати во Ватикан.

Поаѓањето на папата Фрањо, од аеродромот за хеликоптери во Ватикан, е закажано за недела, 27 февруари, во 7.00 часот – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Пристигнување во Фиренца е по еден час лет, каде утре, 23 февруари, започнува Средбата на бискупи и градоначалници на Медитеранот.

Програма

Првиот настан од програмата ќе се одржи во Salon dei Cinquecento во Palazzo Vecchio („Старата палата“), односно Градското собрание, каде Папата ќе одржи говор. Предвидени се и поздрави од градоначалниците; Дарио Нардел, градоначалник на Фиренца, Костас Бакојани, градоначалник на Атина, Моше Лион, градоначалник на Ерусалим, Екрем Имамоглу, градоначалник на Истанбул. Во 9.30 часот е закажана средба со неколку бегалски семејства

Во 10.00 часот Папата ќе појде во базиликата Светиот Крст, каде што ќе биде пречекан од монашката заедница на Малите браќа, а потоа ќе има средба со претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела. Во 10.30 часот ќе се служи света Литургија, на крајот пред базиликата, пред да се врати во Ватикан, Папата ќе ја измоли молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот