Објавена програмата за Апостолското патување на Папата во Еквадор, Боливија и Парагвај

Папата Фрањо ќе ги посетат трите латиноамерикански земји, Еквадор, Боливија и Парагвај, од 5 до 13 јули, годинава. Ватиканската прес служба ја објави официјалната програма на тоа деветдневно апостолско патување. 

Папата ќе слети на меѓународниот аеродром „Марицкал Сукре“ во Еквадор, на 5 јули, а следниот ден ќе служи Литургија во светилиштето на Божјото милосрдие во Гуајквил. Предвидена е и средба со претседателот на Еквадор. За 7 јули во план е средба со епископите, света Литургија како и средба со учениците, студентите и граѓаните. За последниот ден од престојот во Еквадор, на 8 јули, предвидена е посета на една заедница на Сестрите мисионерки на љубовта како и средба со богопосветените лица во националното маријанско светилиште „Ел Квинче“.

Во Боливија Светиот Отец би требало да стигне на 8 јули. По свечениот пречек, според програмата Папата ќе го посети Претседателот и граѓанските власти во главниот град, Ла Плаз. Вечерта ќе се упати кон градот Санта Круз де ла Сиера, каде следниот ден, наутро ке служи света Литургија, а попладне ќе има средба со богопосветените лица. Денот ќе заврши со учество на Папата на втората Светска средба на народни движења во центарот „Експо Ферија“. За последниот ден од посетата на Боливија, на 10 јули, се планира посета на затворот Палмасола како и средба со епископите.

Во попладневните часови, на 10 јули, ќе слета во Парагвај, по свеченото добредојде предвидена е посета на претседателот на земјата како и средба со властите и дипломатскиот хор. Следниот ден вклучува посета на педијатриската болница „Нињос дер Акоста Њу“ како и света Литургија во маријанското светилиште Капкупе. Попладнето, по средбата со претставниците на граѓанските друштва, Папата во катедралата ќе служи вечерна молитва со богопосветените лица и членовите на католичките движења. Последниот ден од престојот на Светиот Отец во Парагвај ќе биде обележан со посета на сиромашната населба Бањадо Норте, света Литургија како и средба со месните епископи. Последен настан ќе биде средба со младите од Парагвај. Враќањето за Рим е предвидено за 13 јули во попладневните часови.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот