Објавена книга за лагите против Католичката црква

Папата Пиј XII и Црквата во негово време не го поддржувале бегството на нацистичките злосторници. Долгото и многу документирано проучување ги побива лажните тези, кои во светлото на историската вистина се манифестираа како чисто идеолошки лаги.

Ова се истакнува во книгата објавена под насловот „На врвот на црната легенда“ од историчарот Пјер Луиџи Гуидучи, која беше презентирана на 30 мај во големата сала на Радио Ватикан.

Пјер Луиџи Гуидучи детално истражувал во меѓународните архиви како би ја побил „црната приказна“ за наводната поддршка на Црквата на папата Пиј XII за бегството на нацистичките злосторници. Според историските документи, тоа е чиста лага. Некои нацистички лидери се инфилтрирале меѓу бегалците, а во некои случаи ја уживале поддршката од сојузниците кои подоцна ги користеле како шпиони во Советскиот Сојуз. Хуманитарните организации поврзани со Црквата за тоа ништо не знаеле. Во книгата детално се опишани местата каде што нацистичките злосторници нашле засолниште и општините кои им дале лажни документи.

Осврнувајќи се на проучуваните документи во интервју за Радио Ватикан професорот Гуидучи рече дека се погрешни многубројните тврдења против Католичката црква и нејзините достоинственици; нема ниту една трага во документите, не постои никаков доказ. Напротив, воопшто не се зборува за многу важните реалности – истакна Гуидучи додавајќи:

Не треба да се меша движењето на бегалците со бегањето на нацистите. Движењето го сочинуваат стотици и стотици илјади луѓе на кои им помогнале црковните каритативни организации, а групата злосторници, нацистите и нивните сојузници имале средства, луѓе, поддржувачи, познаници и секако пари со цел да ги фрустрираат истрагите на правните институции – рече историчарот.

На прашањето за „црната легенда“, односно за многубројните ‘лажни вистини’, рече дека црната легенда е ќерка на идеолошкото гледање на реалноста. Сите оние кои не се склони кон Црквата, како руските комунисти и нивните сојузници – атеизамот беше државна вера – тие се иницијатори на серијата „црни легенди“ со кои ги уценувале сите оние кои го критикувале комунизмот. Меѓу тие бил и папата Пиј XII, кој постојано потсетувал на повоеното крвопролевање – тврди Гуидучи.

На прашањето за можноста за утврдување на историската вистина, рече дека времето е променето. Колку повеќе се оддалечуваме од 1945 година, односно од Втората светска војна, воспоставен е дијалог помеѓу католиците и Евреите – така е полесно да се утврди историската вистина. Многумина не ја знаат оваа вистина затоа што како луѓе, уредниците или писатели, придонесоа за изградување на ‘црната легенда’. Сетете се на општо познатата ‘Операција Одеса’; многу пари направија зборувајќи за убивства, за тајните активности, за замаглувањето, за наводните непожелни тајни… Со тек на времето сето тоа го снема – рече отец Петер Гумпел, известувач на каузата беатификацијата на папата Пачели и автор на предговорот кој го отстранува секој сомнеж во наводната вмешаност на кардиналот Сири за бегството на нацистите.

Не постои ниту еден доказ дека кардиналот Сири и неговите помошници намерно им помогнале на некој од нацистичките злосторници да се спаси. Нападите всушност се неправедни и неосновани. Не изненадува општото расположение на некои кои се против Католичката црква, затоа треба внимателно да се разликува вистината од невистината. Едно е дека тврдењата и обвинувањата се неосновани, а друго дека историските докази кои ги нема – заклучи оптец Гумпел.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот