Објавена е програмата за средбата на Папата со медитеранските бискупи во Бари

Објавена е програмата за средбата на Папата со медитеранските бискупи во Бари

Папата Фрањо ќе го посети Бари на 23 февруаи, по повод средбата за размислување и духовност, насловена ,,Медитеранот, граница на мирот”, во организација на Италијанската бискупска конференција. Програмата за посетата на Папата ја објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Католичките бискупи од 20 земји кои имаат излез на Средоземното море од 19 до 23 февруари ќе учествуваат во Бари на средбата за размслување и духовност насловена ,Медитеранот, граница на мирот’’ која ја организира Италијанската бискупска конференција. Кардиналот Гвалиеро Басети претседател на италијанските бискупи вчера на заседанието на Постојанит своет изјави дека цел на спомнатата средба е да се даде оддек од различните крајбрежја на Средоземјето на атуелните настани и да се започне процес за заедничка визија и активна соработка

Папата Фрањо на медитеранските бискупи ќе им се придржи во Светилиштето Свети Никола во недела 23 февруари, и тоа ќе биде негова втора посета на Бари, по екуменската средба за мир во јули 2018. Во програмата која денес ја објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол, стои дека Светиот Отец на почетокот ќе го поздрави кардиналот Гвалтиеро Басети, претседателот на италијанската бискупска конференција, потоа е предвиден говорот на кардиналот Винко Пулиќ надбискуп врхобосански и претседател на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина, потоа следува говорот на надбискупот Пиербатиста Пицабела, Апостолски управител на Латинскиот ерусалимски патријархат.

По говорот на Папата, благодарност на Светиот Отец ќе упати монс. Паул надбискуп на Алжир и претседател на Регионалната бискупска конференција на Северна Африка. Потоа Папата ќе оддаде почит на моштите на Свети Никола, и ќе ја поздрави доминиканската заедница што го води храмот. Потоа, ќе ги поздрави верниците кои се собрани пред базиликата, и со автомобил ќе отиде до Корсо Виторио Емануеле II, каде од 10.45 часот ќе претседава со евхаристиското славење. По светата Миса, предвидено е молење  на молитвата Ангел Господов и пладневен говор, како и заминување за Рим во 12:30 часот.

Како што истакна кардинал Басети, оваа средба ќе се одржи во драматичен момент, кога одредени државни структури се скршени, а некои се соочуваат со многу јаки тензии. На неколу места во Средоземното Море војната е резултат на кратковидни и себични одлуки, кои ја изразувааат новата колонијална логика на големите сили во светот. Како Црква, имаме намера да обезбедиме сведоштво на заедниците кои не се предаваат пред ситуациите на насилство и неправедни социјални структури – рече кардиналот, изразувајќи благодарност на Светиот Отец за дарот на неговото присуство, коментирајќи ја официјалната програма на посетата на папата на Бари. Неговиот збор и учење се силна точка за оние кои сакаат и копнеат по мир на Медитеранот – изјави претседателот на Италијанската бискупска конференција, а пренесе Агенијата SIR.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот