Објавена е пораката за Светскиот ден на туризмот 2025 година

Објавена е пораката за Светскиот ден на туризмот 2025 година

Ватиканската Дикастерија за евангелизација ја објави пораката за Светскиот ден на туризмот 2025 година, на тема „Туризам и одржлива трансформација“, повикувајќи на заштита на животната средина, туристите и работниците и нудејќи христијанска надеж.

Туризмот треба да биде обележан со правда и почит кон Созданието, а во оваа Јубилејна година, оние што работат во туризмот треба да ја искажат христијанска надеж.

Овие зборови се наведени во пораката за 46-от Светски ден на туризмот 2025 година, кој се одбележува секоја година на 27 септември, на тема „Туризам и одржлива трансформација“.

Во пораката, надбискупот Рино Физикела, пропрефект на Дикастеријата за евангелизација, повика на восхит и заштита на ресурсите на Земјата, промоција на туризмот преку праведни практики и усвојување на одржливи начини на живот.

Во светлината на глобалната мобилност, надбискупот Физикела истакна дека „потребна е употреба на ресурси што значително влијае и на здравјето на луѓето и на животната средина“.

Затоа, тој апелираше до оние што работат во туризмот да бараат решенија што ја почитуваат еколошката одржливост.

Правда, грижа и претпазливост

Туризмот, посочи надбискупот Физикела, го покренува прашањето за правдата, што, нагласи тој, значи нудење фер плати на оние што работат во туризмот.

„Неизбежното зголемување на бројот на патници мора да се совпаѓа со соодветни понуди“, рече тој, предупредувајќи повторно на шпекулациите, размислувајќи само за профитот и ставот на некои кои, соочени со растечката туристичка активност, реагираат со затворање на своите врати за посетителите.

„Пренатрупаноста, на некои места“, призна тој, „претставува сериозни предизвици“, но, додаде дека „тие можат да се спречат преку навремени интервенции и со користење на алатките што ги нуди технологијата“.

Учеството на христијанската заедница во туризмот

Архиепископот потсети дека христијанската заедница учествува и во туризмот, особено преку гостопримството што им го укажуваат на ходочесниците и туристите.

Поради оваа причина, подвлече тој, се охрабруваат светилиштата да останат „свети простори на автентична духовност, каде што срцето наоѓа утеха и размислувањата за основните животни прашања се охрабрува преку тишина, молитва и дијалог со Божјите мажи и жени“.

Надбискупот Физикела, чија Дикастерија е задолжена за организација на Светата 2025 година, ја потврди својата желба „Јубилејот да вдахнови знаци на надеж преку промовирање на одржливо користење на ресурсите“.

Покрај тоа, тој најави дека Деветтиот Светски конгрес за пасторална грижа во туризмот ќе се одржи во Рим од 16 до 19 октомври, нарекувајќи го „важна можност заедно да размислиме за овие теми и за обврската што Црквата сака да ја преземе за да може и туризмот да се развие како алатка за евангелизација и човечки напредок“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот