Обајвена програмата за посетата на папата Фрањо во Албанија

Ватиканската канцеларија за печат на 31 јули 2014 година ја објави програмата за Апостолската посета на папата Фрањо во Албанија Единаесет часа со една обновена Црква: така може да се нарече кратката Апостолска посета на папата Фрањо во Тирана на 21 септември.

Папата Фрањо ќе стапне на албанска земја 21 години по својот незаборавен претходник Иван Павле II, кој по долгите години на комунистичката и атеистичката диктатура даде нов живот на Црквата во Албанија. На 25 април 1993, заедно со Мајка Тереза, папата Иван Павле II оддаде почит на мачениците за верата во времето на комунизмот и се сретна со свештеници и епископи кои многу години поминале во затвори и концентрациони логори. Сега, папата Фрањо ќе сретне една обновена Црква со своја хиерархија и структура која е важен дел од албанското општество и модел за мирен соживот меѓу религиите.

Папата Фрањо ќе полета со авион од римскиот аеродром Фиумичино во 7.30 часот и по два часа лет ќе слета на меѓународниот аеродром во Тирана. Официјалната церемонија на пречек ќе се одржи во 9.30 часот во претседателската палата, каде ќе се сретне со албанскиот претседател Бужар Нишани, а во 10.00 часот во салата на Претседателството Папата ќе се сретне со претставници на локалните власти. Во 11.00часот на плоштадот „Мајка Тереза” Папата ќе служи света Литургија, а од 13.30 часот ќе руча заедно со албанските епископи во Апостолската нунцијатурата.

Попладнето во 16.00 часотСветиот Отец ќе се сретне со поглаварите на другите религии и христијански деноминации во Универзитетот Дева Марија на ДобриотСовет, а од 17.00 часот ќе ја предводиВечерната молитва со свештеници, семинаристи, богослови, богопосветени и црковните движења во катедралата во Тирана. Последната средба од папската програма е во Центарот Витанија со деца од хуманитарни центри во Албанија. Церемонијата на испраќање е предвидена во 19.45часот на аеродромот во Тирана.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот