Епископот Галантино го наследува кардиналот Доменико Калгано кој го напушта водството на Адмистрацијата за управувањето со имотот на Светиот Престол заради навршената возраст.
Светиот Отец ја прифати оставката на кардиналот Доменико Калгано поднесена заради навршената возраст на должноста претседател на Администрацијата за управување со добрата на Светиот Престол (APSA), и го повика на таа должност да го наследи епископот Нунцио Галантино, досегашен генерален секретар на Италијанската епископска конференција.
Именувањето на монс. Нунцио Галантино за претседател на Администрацијата за управувањето со добрата на Светиот Престол е голем знак на доверба и почит од Папата. На нашиот генерален секретар папата Фрањо му доверува голема одговорност на крајно чувствително подрачје како што е управувањето на економскиот имот на Светиот Престол – со тие зборови кардинал Гуалтиеро Басети претседател на Италијанската епископска конференција го коментираше именувањето на епископот Галантино.
Потоа мислите на крадиналот се претворија во благодарност. Таа вест е причина за изразување благодарност за она што главниот секретар го направи служејќи на нашата епископска конференција – напомена кардинал Басети. Нашето заедничко одење ми даде со рака да ја допрам интелигенцијата и ревноста со која ги спроведуваше иницијативите и активностите, уверено трошејќи се посебно за да одреди некои важни мерила на строгост во распределбата на средствата добиени од данокот. На тој начин уште построги ги направивме постапките во распределбата во согласност со насоката со која се согласуваат сите епископи, со цел јасно и транспарентно управувања со добрата на Црквата – истакна кардинал Басети.
РВ/к.мк