Папата Фрањо на 8 септември го именува епископот Фернанд Вергез Алзага (76) за нов претседател на Папската комисија за државата град Ватикан и Ватиканската управа, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Шпанецот Алзага од Христовите легионери го наследува кардиналот Џузепе Бертела (78), кој двете служби ги извршуваше од октомври 2011 година. Кардиналот Бертело е член и на Кардиналскиот совет кој Папата го советува ya реформата на Куријата. Монс. Алзага до сега ја извршувал службата главен секретар на Папската комисија за државата град Ватикан и со тоа е „вицепремиер“, а пред тоа бил во Управата за добрата на Светиот Престол (APSA) и директорт на Службата за телекомуникации на Ватиканската управа.
Папата Фрањо истиот ден го именува Андрес Габриел Ферад Мореира (52) од Чиле за надбискуп и нов секретар на Конгрегацијата за клер. Монс. Мореира во Чиле управувал во богословија, а уште од 2018 година делува во Конгрегацијата за клер, на која од август на чело е надбискупот Лазарус Јоу Хеунг-сик (69) од Кореја.
Двајцата новите служби ги преземаат од 1 октомври.
Ватикан њуз/к.мк
Број на статија и слика: 11064