Нови столови за црквата Свети Иван Крстител – Струмица

На 24 септември 2014 година парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица обезбеди нови столови за црквата. Од парохијата го истакнуваат задоволството од набавката на новите столови и истовремено се заблагодаруваат на сите оние кои на било кој начин допринесоа за тоа, гарантирајќи ја својата молитва за сите донатори.

Столовите се донација на верници од Струмица и други парохии и луѓе со добра волја. Свој голем допринес дадоа и жените од парохијата, кои со својата работа и несебичност, преку организирање на Божиќен и Велигденски базар обезбедија добар дел од средствата потребни за столовите.

к.мк/2234

Категорија: Македонија

За авторот