Како што е најавено на 31 декември минатата година префектот на Дикастеријата за комуникација Паоло Руфини покрена постапка за составување на нова структура на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
По именувањето на директорот „ad interim“ Алесандро Гисоти, префектот за виша советничка ја именуваше французинката Ромилда Ферауто, поранешна одговорна уредничка на француската редакција на Радио Ватикан и асистентка во Канцеларијата за печат за време на одржувањето на последните пет генерални собранија на Епископската синода.
Освен тоа префектот задачата асистенти на директорот ја довери на монахиња од САД, Бернадете М. Рејс новинарка за Ватикан њуз и советничка во Комисијата за комуникација на Меѓународната унија на генерални настојателки (UISG), и на перуанецот Паул Габрера Перез поранешен новинар во Радио Ватикан и соработник во Комисијата за информации на Епископската синода за млади.
Задачата менаџер на канцеларијата префектот ја довери на Тадеус М. Џонс од САД член на координативниот одел на порталот Ватикан њуз и поранешен службеник во Папскиот совет за социјални комуникации.
Ватикан њуз/к.мк