На 14 април 2019 година со благослов на Н.В.П д-р. Киро Стојанов, бискуп Скопски и епарх Струмичко-скопски, по повод пасторалната посета на Папата Фрањо на Македонија, во парохијата Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала се поставени четири крста.
По светата Литургија во присуство на верниците крстовите ги благослови парохот о. Спасо Ристов. Крстовите се поставени на различни локации во селото: Првиот е поставен пред домот, вториот во близина на црквата, третиот во т.н. Горна Маала и четвртиот на гробиштата. Откако беа поставени крстовите, на секое место се молеше Света Бројаница.
Металните крстови се изработени од претседателот на црковниот одбор, мајсторот Костадин Ристов, а ги бојадисуваше Даниел Митев.
„Крстот те води во небото. Во крстот е спасението, во крстот е заштитата и одбраната, во крстот е животот. Затоа прегрни го крстот за да живееш вечно.”
к.мк