Нова Маала: Панахида за о. Јоаким Дудаш

Во недела 6 декември по повод 40 дена од смртта на о. Јаоким Дудаш во парохиската  црква “Успение на Пресвета Богородица” во Нова Маала, каде тој беше парох приближно 20 години, се служше света Литургија и панахида за упокоение на неговата душата. Светата Литургија ја служеше о. Спасо Ристов, сегашен парох во Нова Маала и Чанаклија во присуство на  многубројни верници.

Отец Јоаким Дудаш доаѓа во Нова Маала во 1979 година и останува до 1998 година. Тој воведува веронаука за деца и млади, ја гради сегашната црква, парохиската куќа во Нова Маала и филијалната црква Свети великомаченик. Георги во Чанаклија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот