Никарагва: Во име на Папата Апостолскиот нунциј повикува на мир

Никарагва: Во име на Папата Апостолскиот нунциј повикува на мир

Апостолскиот нунциј во Никарагва, надбискупот Станислав Сомертаг во име на папата Фрањо упати силен апел за прекин на насилството во земјата, кое владее од 18 април оваа година. Повеќе од 360 луѓе загинаа во судирите помеѓу силите на претседател Даниел Ортега и опозициските протестанти, кои бараат обнова на демократијата и негова оставка. Претседателот Ортега е на власт од 2007 година и ова му е трет мандат, а неговата жена Росарија Мурило е потпретседателка на Никарагва.

Папата е многу загрижен

Во соопштението кое го пренесеоа медиумите во Никарагва, Апостолскиот нунциј во овој трагичен момент, во име на Светиот Отец и Апостолкиот Престол, сака да ја искаже својата голема загриженост заради тешката и сериозна ситуација во која се наоѓа Никарагва. Сигурно, неприфатливо е да се смета дека мртвите и жртвите од насилството можат да ја решат политичката криза и да гарантира иднина со благослов и мир во Никарагва – предупреди Апостолкиот нунциј во таа земја.

Враќање на дијалогот

Надбискупот Сомертаг истакна дека тој и папата Фрањо жалат за мртвите и молат за нивните семејства. Користејќи ја целата своја човечка и духивна сила, апелира на совеста на сите, како би се постигнало вистинско примирје и брзо враќање на националниот дијалог за да се пронајде заеднички адекватен договор и на тој начин да се реши кризата – напомена нунцијот и додаде: Сите понизно се ставаме под заштита на Блажена Девица Марија, молејќи за нејзина помош како секогаш би ја водела нашата сакана Никарагва.

Напади на Католичката црква

Во таква политичка напнатост и Католичката црква во Никарагва станува сѐ поголема мета за закани и напади. Така провладини активисти на 9 јули го нападнаа кардинал Леополд Бренес, надбискупот на Манагва, надбискупот Сомертаг и монс. Силвио Баез, помошен бискуп на Манагва, а бискупот на епархијата Естели, монс. Абелардо Мата, минатата седмица избегна атентат.

И покрај репресиите и нападите, бискупите од Никарагва, на поттик на Папата едногласно одлучија да го продолжат националниот дијалог. Истовремено го осудија недостатокот на политичка волја на Владата за искрено да води дијалог и да бара вистински патишта кои водат кон демократија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот