Дознајте кои чекори можете да ги преземете за да ја надминете лутината. Потребна ќе биде вистинска посветеност, молитва и одлучност, но вие тоа го можете.
Оваа година ја обележаа неколку пресвртници во мојот живот. Во почетокот на јануари наполнив 40 години, а во август ќе се навршат 20 години од мојот брачен стаж. Ако постои една работа поради која жалам, гледајќи од оваа перспектива на својот брак и родителството, тогаш тоа е мојата лутина. Пред неколку години слушав еден предавач како зборува за својот однос со детето кое постојано нешто бара, а како тој како татко, бил константно лут. Бргу го губел трпението, изговарал навредливи зборови и станал опседнат со идејата дека сѐ мора да има под контрола. Зборувал колку штета му нанело тоа однесување на неговото семејство, а јас, додека ја напуштав предавалната, почнав неконтролирано да плачам. Светиот Дух го вперуваше прстот во мене; во сведоштвото на тој човек се видов СЕБЕ!
Потекнувам од семејство на „викачи“, а кога се мажев неможев да верувам колку мојот маж во тој поглед беше пасивен. Тој никогаш не викаше, но јас го правев тоа почесто. После некој голем испад секогаш се јавуваше чувство на вина, но тоа не ме спречуваше испадот да се повтори.
Недолго после сведоштвото на тој предавач слушав во својот автомобил на радио емисија за анкета која е спроведена на деца од училишна возраст. Прашањето кое им било поставено гласело вака: „Ако кај својата мајка можеш да промениш една работа, што би променил/ла?“
Погодете што изјавило мнозинството?
Да не викаат толку! Леле!! Повторно Бог ме повика – застанав со својот автомобил во горко каење.
Но, тој проблем и понатаму се случуваше!
Неколку години после тоа, мојот сопруг ми рече дека поминуваме низ криза во нашиот брак. За нас разводот никогаш не беше опција, но јас знаев дека мојот проблем, лутината го зимаше својот данок и дека тоа мора да се промени. Честопати бев лута поради „многу работи“, но признавам и дека многу од тоа беше поради неважни ситници. Тогаш станав одлучна тоа да го променам. После еден многу болен разговор посегнав дека веќе нема никогаш да бидам таква.
Најтажно од сѐ беше тоа што никој друг, освен моето семејство, не го гледаше мојот гнев. Сите гледаа само добри работи. Сфатив дека сите останати имаа високо мислење за мене. Ја гледаа мојата љубов кон Христос, работата во парохијата, мојата посветеност и мотивираност. Во исто време, моето сопствено семејство го минуваше времето со бесна личност.
И така започна мојата промена. Тој ден донесов одлука дека ќе направам сѐ што е во моја можност повеќе да не бидам лута, а тоа што ќе ги надминува моите граници да го предадам на Христос!
Со радост можам да кажам дека веќе не сум истата личност. Се случи огромна промена во мојот живот, бракот и домот! Моето цело семејство сведочи за тоа, а јас сум потполно смирена и со радосен дух! Не е секогаш лесно, потребна е сериозна работа за совладувањето на тој проблем, но јас сум жив доказ дека тоа е возможно!
Ако имате проблем со лутината, ова се чекорите кои можете да ги преземете:
Молитвата
Бог мора да го промени вашето срце. Секојдневно Му се обраќајте поради својата лутина. ТОЈ ќе го исцели вашето срце. Не е важно ако вчера сте се покајале и после тоа повторно сте згрешиле. О покрај тоа одете кај Него. Тој неизмерно ве сака и Неговото милосрдие никогаш не се исцрпува!
Барајте прошка од оние кои сте ги повредиле
После барањето прошка од маж ми (кој секогаш љубезно ми ја даваше), одев од едно до друго дете. Со секој од нив би разговарав за своите проблеми со лутината и настојувањето тоа да го променам. Децата се толку многу полни со љубов и простување.
Земете здив
Не претеснувајте се да земете здив. Сега ќе отидам во својата соба (вака најавувам дека ќе земам здив) и ќе ја заклучам вратата. Искористете го оваа време за молитва, плачење и едноставно длабоко вдишете. Вака пружате прекрасен пример за своите деца (гледаат дека ги преземате чекорите за да го контролирате својот бес).
Разговарајте со некого
Посоветувајте се со стручно лице или пронајдете „партнер во нужда“. Најдете некого кој можете да го повикате кога ви се чини дека не би можеле да ја поминете границата на лутината. Замолете ја таа личност да моли за вас! Понекогаш длабоките рани од вашето болно минато предизвикуваат гнев.
Сетете се дека во Библијата пишува: „Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш;“ (Ефес. 4, 26). Многу пати се држам до овие зборови. Ако го користам својот јазик и изговорам нешто лошо или некого повредам, тоа е грев!
Не дозволувајте лутината да го уништи вашето семејство!
Лутината навистина може да ги уништи оние кои најмногу ги сакате, но вие можете да ја совладате. Потребно е вистинска посветеност, молитва и одлучност, а вие тоа го можете. Вашето семејство зависи од тоа!
Жена Врсна/к.мк