Неоерејот Илија Стојанов служеше прва света Литургија во Чанаклија и Нова Маала

Во недела 18 мај 2014 година о. Илија Стојанов служеше прва света Литургија во филијалната црква „Свети великомаченик Георги” – Чанаклија и во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала. Неоерејот Илија Стојанов ја предводеше светата Литургија и ги поучи присутните со Христовото Слово. Како што Исус ја поучи жената Самарјанка да доаѓа кај Него за жива вода, така и ние да приоѓаме до Христа, Кој има сила да ја изгаси нашата жед.

Парохот о. Спасо Ристов му се заблагодари на новиот свештеник за присуството и му посака многу плодови во Божјото лозје. На самиот крај од светата Литургија неоерејот о. Илија на сите присутни верници им подели неоерејски благослов.

На многаја и благаја лета, о. Илија!

о.С.Р.

Категорија: Македонија

За авторот