Ненајвена посета на Папата Фрањо во Рим

Ненајвена посета на Папата Фрањо во Рим

Во попладневните часови на римската улица Виа Алесандрија, папата Фрањо посети стара госпоѓа која е неподвижна и со неа се задржа во разговор еден час.

Во саботата, на 28 јули 2018 година во доцните попладневни часови во Рим, папата Фрањо посети старица која лежи неподвижна, објави агенцијата Сир.

На римската улица Виа Алесандрија која како и секоја римска улица во лето е пуста, Папата пристигна со автомобилот марка Форд сина боја и веднаш се упати во зградата во која живее госпоѓата и со неа се задржа еден час во разговор. Изненадувачката посета на Папата на старицата сепак не помина незабележана, затоа што после средбата со болната старица пред зградата го пречекаа десетици луѓе.

Светиот Отец се поздравил со сите, помилувал по главата момче во инвалидска количка и прегрнал еден болен. Полицајците во цивил кои биле во придружба на Папата им дозволиле на сите собрани да се ракуваат со Папата. Светиот Отец со собраните се задржал неколку минути.

Според изјавата на еден од станарите на зградата, старата госпоѓа и Папата се познавале од порано и бидејќи сега е неподвижна Папата одлучил да ја посети. Инаку тој римски кварт Папата добро го познава затоа што на стотина метри од зградата во која живее старата госпоѓа, на плоштадот Буенос Аирес се наоѓа аргентинската црква Света Марија Жалосна (Santa Maria Addolorata), која уште како кардинал ја посетувал со автобус за таму да се сретне со своите собраќа.

Битно/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки Папа Фрањо, Рим

За авторот