Во својата порака на Твитер, Светиот Отец нѐ поттикнува да размислиме за вистинската причина за сето зло.
„Бог не дојде да нѐ ослободи од секојдневните проблеми, туку да нѐr избави од вистинскиот проблем, а тоа е недостатокот на љуубов. Ова е основната причина за нашите лични, социјални, меѓународни и еколошки проблеми. Да се мисли само за себе е почеток на секое зло“, стои во пораката на Твитер профилот на папата Фрањо објавена во вторникот, 17 август 2021 година.
Овие зборови првпат ги изговори Светиот Отец за време на меѓуверската меѓународна средба „Никој нема да се спаси сам – мир и братство“, што се одржа во Рим на 20 октомври 2020 година. Говорејќи на настанот, на кој присуствуваа претставници од различни конфесии и религии, Светиот Отец истакна дека војните и конфликтите се секогаш причина за страдања и сиромаштија и потсети дека мирот е „приоритет на секоја политика“. Папата ги повика сите да работат заедно за промовирање на мирот, бидејќи „ниту еден народ, ниту една социјална група нема да може сама да постигне мир, добрина, сигурност и среќа“.
Ватикан њуз/к.мк