Неделно Слово – Шеснаесетта недела по Педесетница

Неделно Слово – Шеснаесетта недела по Педесетница

Ви го пренесуваме размислување за Петнаесеттата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 25,14-30 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.

 

Од Светото Евангелие според Матеј (25,14-30)

Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два; а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар. По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка. И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: »Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.« Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!« Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: »Господаре, ти ми предаде два таланта; ете, со нив спечалив други два.« Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!« Пристигна и оној што беше зел еден талант, и рече: »Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел; па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.« А господарот му одговори и рече: »Лукав и мрзлив слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел; затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка; земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти; зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби.« Откако го рече тоа, извика: »Кој има уши да слуша, нека чуе!«

Категорија: Вера, Духовност

За авторот