Неделно Слово: Томина недела

Неделно Слово: Томина недела

Ви го пренесуваме размислување за Томина недела, според Евангелието од Иван 20,19-31 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија

А вечерта во истиот ден, првиот ден од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!” И ова како го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.” И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.” А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив, кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа.” А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.” А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!” Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!” Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!” Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!” И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга. А овие се запишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот