Неделно Слово: Размислување за Втората недела од Великиот пост

Неделно Слово: Размислување за Втората недела од Великиот пост

Од Евангелието според Марко (2,1-12)

По неколку дена, Он пак влезе во Капернаум; и се чу дека е во една куќа. Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Он им зборуваше. И дојдоа при Него со еден фатен, кого го носеа четворица;. па, како не можеа да се приближат до Него од народот, откако го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Он, ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите твои!” Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: Што хули Овој на Бога? Кој друг може да опростува гревови, освен единиот Бог? Исус веднаш, штом узна со Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои? Што е полесно да му кажам на фатениот: ти се простуваат гревовите ли да речам: дигни се, земи ја постелката своја и оди? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите” – му рече на фатениот –Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома! И тој стана веднаш, па, штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Никогаш вакво чудо не сме виделе!”

Категорија: Вера, Духовност

За авторот