Ви го пренесуваме размислување за Петата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 8,28-9,1 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија
И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат. И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?” А далеку од нив пасеше голем број свињи. И бесовите Го молеа и говореа: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињине!” И Он им рече: „Отидете!” И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата. А свињарите побегнаа и, штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило со бесните. И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и, кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај. Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град.