Свето Евангелие според Иван 1,43-51
Во она време, намисли Исус да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!”
А Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар.
Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме оној за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците – Исус, синот Јосифов од Назарет,!”
А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?” Филип му рече: „Дојди и види!”
Исус, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство.”
Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?” Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.”
Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!”
А Исус, одговарајќи, му кажа: „Дали веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата?; ќе видиш повеќе од ова.”
И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.”