Сеачот не може да остане дома. Излегува од својот дом и со себе го носи семето кое го сее на отворено. На нивата семето се изложува на приликите и неприликите на времето и земјата. Без земјата семето „молчи“. Во магазинот е во изолација, а на нивата си доаѓа на своето. Ризикот од средбата со земјата е неминовен.
Поаѓајќи од споредбата, го гледаме светлиот пример на Сеачот во светот, односно Бог и семето на Неговото Слово. Параболата не застарува како што минуваат вековите. Денес ја слушаме со своите уши и заклучуваме дека треба да го следиме Сеачот, Кој излегува, односно да бидеме Црква која излегува и која не се задоволува со сигурноста на своето историско наследство и со последните жетви. Не треба да останеме во „магазинот“, туку треба да одиме на отворено. Потребна е Црква која излегува на полето на современоста и се изложува на неприликите кои навистина, рануваат, но преку кои повторно се гледа дека без да се потпреме на Бог не можеме да дојдеме до полнотата која Бог ја дарува. И денес има тло, односно луѓе во кои Словото Божјо, не наоѓа одговор, и не ги придвижува. И денес е потребно да сееме и таму каде што семето нема да донесе род, каде единствено Божјиот поглед ги гледа причините за неплодноста. Изворната новост на Евангелието секогаш го расветлува мракот на нашата изолација.
Сеачот изобилно го „расипува“ семето. Но, тлото не е „расипано“. Неможностите на тлото го ограничуваат и загушуваат растот. Иако семето допира до различни видови на земја, дури откако ќе изникне, се покажува кризата за растењето. Без активен однос на билката и земјата нема плод. Таа слика и проповедањето на Исус укажуваат на човечкиот однос кон Словото Божјо. Неповолното однесување се наоѓа околу нас и во секој од нас. Божјото Слово може да се прими само со страст, но потребно е страствено соединување со Него, кога нè доведува до состојба која нè изложува на ангажирање и промени. Без внатрешен живот, тешко дека Словото ќе пушти корени. (…)
Исусовите зборови никогаш не биле пријатни. Не ги раскажувал параболите со молчење или манипулација. Има многу пречки во нас и околу нас што го спречуваат Словото Божјо во нас да вроди со плод, да нè промени. Суровиот и бесчувствителен менталитет, ладните односи, критериумите за удобно и себично живеење, земните и површински интереси, религиските формализми, клерикализмот и некритичкото додворување на религиозните навики и авторитети. Кога на тоа ќе се додадат напорите за да не излезе од кругот на општото мислење и однесување, тогаш е огледно дека постхристијанското општество сѐ повеќе напредува. Да се оди против струјата, да се биде малцинство кои своите аспирации ги става на страната на доброто, тоа секогаш е тешко. (…)
Мораме да бдееме денешната атмосфера да не ја загуши надежта и довербата во Божјото сокриено делување во светот. Не смееме да се препуштиме на сеачите на безнадежност кои застануваат пред пречките за растот на Божјото Слово, туку треба секогаш одново да воодушевува земјата, кое дава на семето да донесе плод.
дон Ивица Халјев/к.мк