Невистини за Конгрегацијата за евангелизација на народите
Неприфатливи се одредени инсинуации на некои медиуми кои шират невистини за Конгрегацијата за евангелизација на народите – стои во објавеното соопштение до медиумите. Објаснето е дека Конгрегацијата, која понекогаш се нарекува Propaganda fide совршено е усогласена со папската реформа на Киријата и во целост ја почитува волјата на дарователите, кои со текот на годините многу допринесуваат за финансирање на мисионерското послание на Црквата.
Освен тоа се отфрлаат обвинувањата дека Конгрегацијата за евангелизација на народите изнајмува станови или дека поседува луксузни хотели и се истакнува дека со добрата кои ги поседува, благодарејќи на донациите за мисиите, управува согласно пазарните одредби и италијанските закони за недвижности и оданочување. Приходите од недвижностите се користат за одржување на Конгрегацијата, Папскиот универзитет и колегиумот Урбанијана, како и за издржување на мисионерските институции и младите Цркви во мисионерските подрачја.
Propaganda fide е благодарна на добротворите кои со свите дарови помагаат за навестување на евангелието и ги подржуваат бројните воспитни, социјалани и здравствени иницијативи во најсиромашните земји. Ако и понатаму се продолжи со ширење на лажни и пристрасни вести, конгрегацијата ќе биде принудена да се заштити на соодветен начин – стои на крајот од соопштението.
РВ/го*ко