На Црквата ѝ е потребна молитва во тишина на клаузурата

На Црквата ѝ е потребна молитва во тишина на клаузурата

Не треба да се плашиме од различностите кои доаѓаат од Светиот Дух – рече Светиот Отец говорејќи на учесниците на Меѓународната средба на бискупски викари и полномошници за посветен живот кои ги прими во аудиенција на 28 октомври 2016 година.

На Црвата ѝ се потребни сите кои молат во тишината на клаузурата – истакна Папата.

Духот дува каде сака и кога сака

Посветениот живот е духовен капитал кој придонесува за доброто на целото Тело Христово – рече Папата поттикнувајќи ги пастирите да покажат „посебна грижа“ во промовирањето на „различните харизми, како на старите така и на новите.“ Имено се раѓаат нови институти на посветен живот затоа што „Духот не престанува да дува каде и кога сака.“ Истовремено Папата ги поттикна епископите да не бидат „површни“ во момент на основање на нов институт во својата локална Црква затоа што како што рече „преземаат одговорност во име на општата Црква.“

Оправдана автономија, а не затворено богатство

Истакна дека „оправданата самоуправа“ на монасите и монахињите не треба да се меша „со одвојувањето и независноста.“ Монасите и монахињите не се „затворено богатство“, тие се интегрирани во телото на Црквата, насочени кон центарот, кој е Христос – рече Светиот Отец.

Каде што еден заповедува, а другите се покоруваат нема вистински однос

Осврнувајќи се на взаемните односи помеѓу пастирите и монасите и монахињите ја истакна вредноста на „реципроцитет.“ Взаемни односи нема таму каде некои заповедаат, а другите се покоруваат од страв или удобност. Напротив взаемни се односите таму каде се негува дијалогот, слушањето со почит, взаемната гостољубивост, средбата и познавањето, заедничкото барање на вистината, желбата за братска соработка заради доброто на Црквата која е дом на заедништвото.

Не треба да се плашиме од различностите кои доаѓаат од Светиот Дух

За односите се одговорни пастирите и монасите и монахињите. Сите сме повикани во таа смисла да бидеме „pontifices“ градители на мостови. Нашето време бара заедништво во почитувањето на различностите. Не треба да се плашиме од различностите кои доаѓаат од Духот – рече Папата.

Клаузурните сестри факели кои го следат одењето на човештвото

Завршувајќи го говорот Папата побара „посебно внимание кон контемплативните сестри“; тој облик на наследување на Христос вкоренет во „тишината на клаузурата“ како што истакна „во Црквата и за Црквата преставува срцето кое моли, чувар на бесплатноста и богата апостолска плодност, која раѓа скапоцени плодови на благодати, милосрдие и многолика светост. На општата и локалната Црква потребни ѝ е тоа светло затоа што го осветлува патот до пристаништето и факел кој го следи одењето на мажите и жените во темната ноќ на времето, утринска стража која го навестува излегувањето на сонцето – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот