На третиот ден од Божиќ, 9 јануари 2022 година, кога Црквата го слави светиот архиѓакон и првомаченик Стефан и Неделата по Божиќ, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, во сослужение на деканот о. д-р Зоран И. Стојанов и парохот. о. Димитар Ташев.
На почетокот од својата проповед епископот Стојанов се заблагодари на парохот за поканата, а благодарност упати и до сестрите Евахристинки за нивната несебична ангажираност во парохиските активности. Во продолжение се спомна на мачеништвото на свети Стефан и неговиот пример и цврста вера, а исто така зборуваше и за бегството во Египет и послушноста на Јосиф со која го заштити Детето Исус.
На крајот од светата Литургија парохот о. Димитар Ташев се заблагодари на владиката Стојанов за упатеното Слово и евхаристиското заедништво.