На средбата на Папата со новите движења учествуваа 250.000 верници
Ватикан, 18.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во предвечерието на празникот Педесетница со околу 250.000 членови на црковни движења и заедници славеше Служба на Словото. На ова славење учестуваа претставници на 150 движења од целиот свет. Во неговиот говор Папата Фрањо ги повика учесниците на храброст и стрпливост при пренесувањето на верата, но исто така повика и на „култура на средби.“
На средбата учествуваа претставници на Неокатекуменскиот пат, Движењето на Фоколарините, Заедништво и слобода, Сан Егидио и многу други црковни движења и заедници од целиот свет. Во недела претпладне Светиот Отец со новите црковни движења ќе слави света Литургија на плоштадот Свети Петар. (го*ко)
Категорија:
Ватикан