Обредот се одржа во капелата на папата Урбан VIII во Апостолската палата. Јагнињата беа благословени во римската базилика посветена на маченикот, а нивната волна ќе се користи за изработка на палиуми за новите митрополитски надбискупи.
На папата Лав XIV денес, 21 јануари, на празникот на Света Агнеса, девица и маченичка, му беа подарени две јагниња во капелата Урбан VIII во Апостолската палата. Јагнињата беа ставени во кошница и украсени со бел лен и венци од црвени и бели рози. Нивната волна ќе се користи за изработка на палиуми за новите митрополитски надбискупи.
Вековна традиција
Двете јагниња, кои денес се благословени во римската базилика на празникот Света Агнеса, се симбол на вековната традиција. Истражувањата покажале присуство на јагне, како симбол на Света Агнеза, на нејзиниот гроб уште во 4 век, додека во 6 век, се споменува благослов на јагнињата на нејзиниот гроб. Да се потсетиме дека Света Агнеза била убиена за време на прогонство на христијаните од крајот на вториот до почетокот на третиот век.
Церемонија на благослов на палиуми на 29 јуни
Да се потсетиме дека палиумот е литургиска облека изработена од јагнешка волна, што потсетува на Добриот Пастир кој ја става изгубената овца на своите рамена, како и симбол на заедништво со Апостолскиот Престол што Папата и митрополитите архиепископи ја носат околу вратот во своите цркви и во црквите на нивните црковни провинции. Палиумот е тесна лента од бела волнена ткаенина украсена со шест крста од црна свила. Обредот на благословување на палиумот и негово подарување на митрополитите надбискупи традиционално го предводи Петровиот наследник на 29 јуни, на празникот на Светите апостоли Петар и Павле.
Ватикан њуз/к.мк

