На празникот Свето Семејство епископот Стојанов служеше во Радово

На празникот Свето Семејство епископот Стојанов служеше во Радово

На празникот Собор на Пресвета Богородица – Свето Семејство, четврток 8 јануари 2026 година, Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх служеше света архиерејска Литургија во црквата „Свети Пророк Илија“ во Радово. Со епископот сослужуваа деканот на деканатот „Свети Кирил и Методиј“ протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, парохот отец Илија Стојанов, капеланот отец Атанас Сирачев и парохот во Охрид отец Оливер Тантушев.

Епископот Стојанов во духот на празникот Собор на Пресвета Богородица и Свето Семејство се осврна на важноста на Светото семејство, кое е пример за љубов, побожност и доверба во Божјата промисла. Епископот ги повика верниците да го земат примерот на Исус, Марија и Јосиф, особено во семејниот живот, во односите меѓу членовите на семејството и духовниот живот. Тој ги поттикна присутните да размислуваат за животот во семејството, но и за духовната димензија на семејниот живот, истакнувајќи дека семејството е првата и најважната заедница во животот на секој верник.

Во оваа прилика, по завршување на светата архиерејска Литургија децата и младите од парохијата ја изведоа божиќната претстава, за која се подготвуваа со своите свештеници и чесните сестри кои делуваат во парохијата..

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот