По повод патрониот празник на парохијата во четврток 7 јули 2022 година со почеток во 18.00 часот Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.
На прославата претходи Деветница и Празнична Вечерна во среда 6 јули со почеток во 18.00 часот
По светата Литургија во дворот на Црквата следува агапе и дружење организрано од црквониот одбор, а подготвено од верниците.
Од Светата Литургија директен пренос ќе врши Радио Марија, на фреквенцијата 106,5 во Струмица и преку инетрнет на www.radiomarija.mk.
к.мк