На празникот Благовештение бискупот Стојанов ќе служи света Литургија во Штип
Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, на празникот Свето Благовештение, во среда 25 март 2015 година со почеток во 17.00 часот, а по повод патрониот празник на парохијата во Штип, ќе служи света Литургија во Католичката црква „Свето Благовештение“ во Штип.
Верниците и парохот на католичката црква во Штип о. Тони Ангелов, ги покануваат и воедно ги очекуваат верниците и од другите парохии да присуствуваат на патрониот празник.На тој голем празник се повикуваат сите верници, христијани на заедништво во молитвата, како и на заедничко дружење после Светата Литургија.
На овој ден, во Црквата ќе се моли за мир во светот, татковина, градот, за мир во нашите средини, нашите семејства и нашите срца. Молитвата е најмоќното оружје против злото!
Исус нѐ повикува на заедничка молитва и ни вели: „Ако двајца од вас се согласат на земјата да помолат нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец небесен; зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18.19-20).
к.мк/о.Т.А.