На патот за Ерменија Папата одговараше на новинарски прашања
Папата Фрањо за време на летот кон Ерменија се обрати на новинарите кои го придружуваат на ова апостолска посета, ги поздрави и им одговори на прашањата поврзани со мировниот процес во Колумбија и за референдумот – „Брегзит“ кој е изгласан за излез на Велика Британија од Европската Унија.
За време на летот кон Ерменија Светиот Отец по својот обичај се обрати до новинарите кои го придружуваа. Поздравувајќи ги присутните новинари – кои беа нешто повеќе од 70 – одговори на двете поставени прашања. Едно од прашањата се однесуваше на Колумбија и на остварениот напредок во мировните напори. Папата одговори дека е среќен заради вестите кои ги примил на 23 јуни 2016 година. „Повеќе од 50 години герилски војувања и толку пролеана крв… тоа беше една убава вест и сакам земјите кои работеа на воспоставувањето на мирот и кој гарантираат за напредувањето на овој процес да „ја блиндираат“ оваа работа во таа мерка што војната повеќе никогаш да не се повтори; ниту одвнатре, а ниту однадвор. Големи честитки за Колумбија која токму го прави тој чекор“ – рече Папата
Второто прашање беше поврзано со Европскиот континент и референдумот за „Брегизт“ односно излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. Што се однесува до другите вести папата Фрањо одговори дека за неа слушнал токму во текот на летот. Смета дека со тоа британскиот народ ја изразил својата волја што од сите нас „бара голема одговорност за да го загарантираме доборото за Велика Британија како и доброто и соживотот на целиот Европски континент. На тоа јас се надевам. Многу ви благодарам; се гледаме на враќање“ – рече на крајот папата Фрањо од своето обраќање.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк