Најдете нови начини за осмислување на мирот

Најдете нови начини за осмислување на мирот

На 15 ноември 2016 година папата Фрањо испрати порака до учесниците на средбата на тема „Повторно осмислување на мирот“ која овие денови се одржува во Париз. Средбата е во организација на УНЕСКО и Движењето на фоколарините.

Пред дваесет години на Кјара Љубик основателката на Движењето на фоколарините УНЕСКО ѝ е доделена наградата „Едукација за мир“, а оваа средба е организирана со цел да се одбележи таа важна годишнина.

Светиот Отец ги поттикна учесниците на средба да „истражат и развијат ефикасни начини за „одново да се осмисли“ мирот кој е плод на сеопфатен развој на сите како и делотворната свест за универзално заедништво, засновано на почитувањето, слушањето, вниманието на потребите на секој човек, правдата, дијалогот, споделувањето искуства и солидарноста.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот