Свечениот дочек на моштите на света Фаустина Ковалска ќе биде во недела, на 30 јуни, во 11.00 часот во Католичката црква свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт во Охрид.
Програмата предвидува свечена процесија која ќе ја предводи Неговото Високопреосвештенство д-р Киро Стојанов, во сослужение со домашниот парох отец Оливер Тантушев, други свештеници како и многубројни верници од дома и од странство. Потоа следи молење на Светата Бројаница кон Божественото милосрдие, поклонување и целивање на моштите на светицата. Свеченоста продолжува со Архиерејска света литургија на која ќе се одржи и Прва Причест.
Света Фаустина е позната како апостолка и посредничка на пораките за Божјото милосрдие. Ова е голема милост за црквата во Охрид и за Католичка Црква во Македонија, но и за сите луѓе во Македонија, земајќи го фактот дека моштите остануваат во трајна сопственост на црквата во Охрид. Трајната присутност на моштите од оваа светица има за цел ширење на почитта кон неа, а преку неа и запознавање на бескрајното Божје милосрдие.
к.мк