Со света архиерејска Литургија во недела 17 октомври 2021 година со почеток во 10.30 часот во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица предводена од монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх ќе биде отворена Синодата за Црквата во Македонија насловена: За синодална Црква: заедништво, учество, послание.
Папата Фрањо до целата Црква во светот упати повик за учество во Епископската синода, која треба да се одржи во сите месни Цркви во целиот свет. Свечено ја отвори синодата на 10 октомври со света Литургија во базиликата Свети Петар. Во недела пак 17 октомври 2021 година, како во катедралите во целиот свет, така и во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе се служи свечена архиерејска Литургија за почеток на синодалното патување во месната Црква во Македонија.
Праксата на Црквата до сега беше на Синода да се повикуваат епископи од сите делови на светот, каде таму се разговара за најактуелните прашања и потреби во Црквата. Меѓутоа сега папата Фрањо отвора едно ново поглавие и сака во сите месни Црква да се организираат Синоди, на кои нема да учествуваат само епископи и свештеници, туку во неа да се вклучат и верниците и заеднички да разговараат за ситуацијата во месната Црква, потребите, перспективите или со други зборови и верниците да бидат активни соучесници во предизвиците на Црквата. Со ова сака да се нагласи дека сите оние кои се крстени се рамноправни членови на Црквата и во таа смисла се одговорни за нејзниот живот и послание.
Синодата носи наслов: За синодална Црква: заедништво, учество, послание и во три фази. Првата фаза е на локално епархиско ниво, кое треба да заврши до април 2022 година. Потоа следува континентално и завршно во Рим 2023 година.
Пред самиот почеток на синодата од 10 октомври до 17 октомври во парохиските црква се моли до Светиот Дух да ја води Синодата за да биде од корист на сите верници и за спасение на душите.
Во наредниот период се очекуваат конкретни чекори за текот на овој синодален процес.
Не изоставајте ја молитвата за успешен синодален процес.
Стоиме пред Тебе, Свети Душе,
собрани во Твое име.
Се доверуваме само на тебе да нѐ водиш,
Всели се во нашите срца
покажи ни го патот по кој треба да одиме
и научи нѐ по него правилно да одиме.
Слаби сме и грешни;
Но чувај нѐ да не бидеме носители на неред.
Не дозволувај незнаењето да нѐ одведе по погрешен пат
ниту пак површноста да влијае врз нашите дела.
Дај ни во Тебе да го најдеме местото на единство
за да можеме заедно да патуваме во вечниот живот
и да не отстапиме од патот на вистината
и од она што е правилно.
Сето ова го молиме од Тебе,
кој дејствуваш во секое место и во секое време,
во заедништвото со Отецот и Синот,
во вечни векови. Амин.
к.мк